Брз ручек со фини состојки: Пилешко со њоки во сос од сенф и павлака

Пилешко со њоки во сос од сенф и павлака за готвење е брз ручек со фини состојки …

Потребно е:

  • 4 парчиња пилешки стек
  • 5 лажици путер
  • 5 лажици путер
  • 1 лажица сенф
  • 300-400 мл павлака за готвење
  • 1-2 лажички ким или некој друг зачин
  • 1 пакување њоки

Подготовка:

Сварете ги њоките во солена вода.

Пилешкиот стек исецкајте го на коцкички и пропржете ги на путер.

Кога ќе добијат убава боја, додадете го сенфот, а веднаш потоа и павлаката за готвење.

Ставете сол и бибер.

Кога ќе почне да врие, исклучете ја ринглата и додајте ги њоките.

Одозгора посипете со ким или друг зачин.

Мени