Брзи и вкусни пица мафини

Потребно е:

  • 3 јајца
  • 200 гр брашно
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл маслопредјадење
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче оригано
  • 100 гр шунка
  • 100 гр топлив кашкавал (ајдамер, гауда)
  • кечап

Подготовка:
– Во еден подлабок сад изматете ги јајцата и додадете ги јогуртот и маслото.

– Посолете и додадете го сувото оригано.

– Полека додадете го и брашното со прашокот за пециво во него и  изматете.

– На крај додадете ги исетно сецканата шунка и изренданиот кашкавал и убаво измешајте.

– Со тестото наполнете ги калапите за мафини во кои претходно сте ставиле хартиени корпички.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.

– Кога ќе се изладат прелијте ги со кечап и посипете со малку оригано.

Мени