Бабин ручек: Пржена туршија со пилешко

Состојки:

  • 500 грама пилешки стек ( или свинско месо)
  • 5 зелени кисели пиперки од туршија
  • Масло за готвење
  • Сол
  • Бибер

Подготовка:
Месото исецкајте го на средно големи парчиња и пржете го на загреано масло.
Неколку минутки пред да е целосно испржено, извадете го од тавата за пржење.
Во истата тава, ставете ја исецканата туршија ( киселите пиперки) и пржете во истиот зејтин.
Пред крај во тавата додадете го месото и заедно пржете уште неколку минути.
Добар апетит!

Мени