Апел за помош до сите мои пријатели и соработници!

Апел за помош до сите мои пријатели и соработници! (Пред да лајкнете – донирајте и споделете).
Бидејќи Марија вреди да има поквалитетен живот и да ужива уште повеќе во него. Најодговорно тврдам дека се работи за позитивна, емпатична, борбена, одговорна, лојална и друштвена личност која што ми е голема поддршка во ЦЕФЕ Македонија!Да и помогнеме на Марија Андонова повторно да ја користи десната рака! Во 2012 година, на триесет годишна возраст, таа се соочува со животозагрозувачко мозочно крварење. По итна операција преживува, но се здобива со мускулна слабост, грчење и функционална ограниченост на десната доминантна страна од телото. Од тогаш прстите и шаката и` се неподвижни, а секојдневното самостојно функционирање во голема мера отежнато.За таа цел потребно е да се набави направа која работи на принцип на електрични импулси и ги придвижува шаката и прстите и истата чини 430000 денари. Марија треба лично да отпатува во клиника за протетика и ортотика во Берлин, за да и` се подеси направата според нејзините потреби, и да научи да ракува со неа.Се надеваме дека со оваа направа, нејзиниот живот ќе стане поквалитетен, и ќе и` овозможи повеќе да придонесува дома, на работа и во општеството, воопшто.
Ви благодариме од сè срце!Броеви за донација:
Телеком 143 131 и ВИП 143 486 (без префикс).
Со секое јавување, се донираат 100 денари.

Мени